Во консекутивен превод, преведувачот зборува веднаш откако говорителот на изворниот јазик ќе престане со зборување. Говорот се дели на сегменти и преведувачот седи или стои крај говорителот на изворниот јазик, слуша и фаќа забелешки како што говорителот напредува со пораката. Кога говорителот прави пауза или пак завршува со зборувањето тогаш преведувачот интерпретира дел од пораката или целата порака на целниот јазик. Кај преведувањето со шепотење (chuchotage, на француски), преведувачот седи или стои веднаш до мала публика за целниот јазик со шепотење на симултан превод за односното прашање; овој метод не налага користење на опрема, но може да се врши преку микрофон или слушалки доколку учесниците така претпочитаат. Преведување со шепотење се користи во случаи кога мнозинството на групата го зборува изворниот јазик, а малцинството (главно не повеќе од тројца) не го зборуваат.

 

Тим на преведувачи на Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ

  • искусни и професионално обучени преведувачи ви обезбедуваат да ги добиете најдобрите преведувачки услуги
  • компетентни за лингвистиката на јазиците што ги преведуваат
  • проширено познавање на техничката област во која што тие ги обезбедуваат преведувачките услуги
  • течно говорење на изворниот и целниот јазик
  • нашите преведувачи ги следат високите стандарди на професионална етика, доверливост и професионалност. Тие потпишуваат договор за доверливост и се обврзани на строгиот Етички кодекс што значи дека сите информации што ги споделувате со нас, во однос на преводот, остануваат безбедни и доверливи.
  • тие ги употребуваат докажаните методи за контрола на квалитетот со цел да се види дека проектите за преведување што ние ги преземаме ви се доставуваат во брз временски роквешти аналитичари редовно ги следат повиците одговорени од страна на нашите преведувачи

 

Придобивки од користење на нашите преведувачки услуги

  • Квалитетна опрема: ние користиме високо технолошка опрема за непрекинат превод. И слушателите и говорителите ќе почувствуваат како да им се зборува директно на нив
  • Организација на време: нашите преведувачки услуги ви помагаат да заштедите драгоцено време и напор
  • Повеќејазичен превод: можеме да обезбедиме преведувачки услуги од еден јазик на повеќе други целни јазици
  • Конкурентни цени
  • Навремен превод
  • Кус временски род
  • Вешти аналитичари редовно ги следат повиците одговорени од страна на нашите преведувачи