Уредувањето е процес на одбирање и подготовка на јазик, слики, звук, видео или филм преку процесите на корекција, збиеност, организација или други модификации во различни средини. Процесот на уредување потекнува од идејата за самата работа и продолжува во односот меѓу авторот и уредникот. Уредувањето, според тоа, исто така е пракса што вклучува креативни вештини, човечки односи и прецизен сет на методи.
Уредувањето е она што почнувате да го правите веднаш штом ќе го завршите вашиот прв нацрт. Вие повторно го читате нацртот за да видите дали на пример, документот е добро организиран, дали премините меѓу ставовите се благи и вашиот доказ вистински ќе го сочува вашиот аргумент.
Ние го дефинираме техничкото уредување како:
• Суштинско уредување на текст за јасност на изразот
• конзистентност на терминологија
• Проверка на табела и други податоци
Класични симптоми на лошо уредување се неконзистентности во јазикот и форматот, лоша структура, фактички неточности и недостаток на внимание на читателот.
Целта на техничкиот уредник е да го направи конзистентен документот и во јазикот и во форматот.
Стилот и форматите на претставување треба да бидат конзистентни. Сите главни наслови треба да се појавуваа исто; поднасловите треба да се појавуваат исто, но тие се јавуваат како помалку важни од главните наслови, односно помала големина на фонтот.
Професионалните уредувачи од Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ ќе го проверат вашиот документ за граматички грешки, грешки во времиња, правопис и грешки при внесување текст. Тие исто така ќе го прегледаат и изборот на термини и структура на реченица за да обезбедат логичен тек и читливост на вашата дискусија, извештај или состав. Освен тоа, вашиот документ ќе биде уреден за да се постигне соодветен тон и стил како и јасност, концизност и конзистентност. Доверете ни ги вашите документи и искористете ги нашите услуги за висококвалитетно уредување. Нашиот тим за уредување се состои од индивидуалци со историјат во специјализирана област и работно искуство. Нашите уредувачи можат ефикасно да се справат со документи од најразлични области. Меѓу нашите уредувачи се наоѓаат и многу носители на титулата магистер, доктори на науки и други експерти во своите односни академски области.